vesti24.mk
ВЕСТИ

Царовска со брутални притисоци и закани против матурантите штрајкувачи

ECA

Матурантите штрајкувачи и денеска повторно ја напуштија наставата и излегоа пред Министерството за образование и наука за да ги изнесат своите барања. А тоа е полагање матура на два предмета, наместо четири во време на пандемија.

И покрај огромните притисоци и закани врз нив, тие најавија дека ќе продолжат со бојкотирањето и дури најавија дека ќе се радикализираат доколку министерката Мила Царовска не го разгледа ова нивно барање.

Бојкотирањето на наставата зема замав и се одвива во 13 средни училишта во Скопје, како и во повеќе градови, како што се Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Крива Паланка, Свети Николе, Берово, Пехчево, Виница и Радовиш.

Но, министерката воопшто не ни размислува да го чуе ставот на матурантите и продолжува со закани преку директорите и професорите кои секојдневно ги уценуваат учениците, дека доколку продолжат со штрајкот – ќе бидат избркани од училиштата.

Поради ова, во некои градови како на пример Велес, матурантите воопшто не смееле да излезат поради огромните закани од професорите кои пак, се под голем притисок од директорите на средните училишта.

Но, учениците денеска рекоа дека не се плашат и и порачаа на министерката да престане со заканите и притисоците врз нив, затоа што односот професор-ученик веќе се претворил во закана-жртва, а односот професор-директор се претворил во жртва-закана.

-Учениците добиваат закани затоа што имаат легитимни барања, а од професорите бараат да им се закануваат на учениците кои бојкотираат. Една поговорка вели: Грешката на докторот завршува под земја, додека грешката на наставникот оди над земја. Доколку продолжите вака оваа земја ќе биде исполнета со грешки повеќе над земја отколку од под земја, истакнаа револтираните матуранти.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts