vesti24.mk
ЗАБАВА

Цвекло наместо лекови- дар од природа против болести, особено против оваа!

ECA

Го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ја стимулира функцијата на црниот дроб, ги потиснува туморите…

Ниту еден зеленчук нема толкава количина витамини и минерали како цвеклата. За неа се вели дека може да поправа сè што не е во ред во организмот. Ако до сега не ја јадевте, време е да почнете.

Цвеклото е исклучително богато со витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12. Богато е со протеини, масти, јаглени хидрати и минерали (калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром). Лесно е сварлива. Има висока енергетска вредност: 100 грама цвекло имаат 189 кЈ или 45 калорииl. Котенот на цвеклата содржи до 10% шеќер.

Благодарение на присуството на антоцијанини, кои даваат темноцрвена боја на сокот од цвекло, а влијаат и на обновување на крвта, ова корисно растение има и антиканцерогено дејство. Цвеклото има исклучително корисен ефект врз случајот на деминерализација на коските и забите. Јодот од цвекло го прави вреден во борбата против артериосклерозата и забавување на процесот на стареење. Основата на повеќекратните лековити својства на ова растение е бетанин и бетаин, кои прават цвеклото да го стимулира метаболизмот, го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги одржува крвните садови, ја стимулира функцијата на црниот дроб, ги потиснува туморите и лекува леукемија, маларија, акутни фибротични заболувања и грип во почетната фаза. Покрај тоа, се користи за регулирање на крвниот притисок (особено низок) и има корисен ефект врз нервите и функцијата на мозокот, се употребува против анемија, особено кај деца и млади, и ја забрзува работата на желудникот, цревата и жолчката.

Свежо исцеден сок од цвекло се користи за сите видови лечења, бидејќи ги губи своите лековити својства за време на готвењето, а од 1 кг цвекло може да се добијат 700 до 750 мл сок. Треба да се користи со мед во сооднос 1:1, половина чаша три пати на ден. Исклучителниот вкус на ренданото сурово цвекло или сок го дава ким или рендан рен. Кај тешки болести треба да пиете 1/2 до 1 литар сок дневно. Кога чувствувате подобрување, намалете го на 1/4 литар.

Сок од цвекло за настинка – Измешајте сок од цвекло и вода во еднакви размери и додадете малку мед. Ставете 4 капки во секоја ноздра, 4 пати на ден во тек на 5 дена.

Кај хроничен тонзилитис, се препорачува да се пие супа од цвекла. Варете 1 кг измиено цвекло во 2 литри вода. Земајте 50 мл супа 3 пати на ден, и правете гаргара. Чувајте ја чорбата во фрижидер, и загрејте ја пред употреба.

Сок од цвекло за намалување на холестеролот. Ставете исечено цвекло со средна големина и пет лимони во соковник. Исцедениот сок истурете го во стаклено шише заедно со пената и ставете го во фрижидер. За терапија, пијте 1 дл од оваа наутро и навечер (протресете го шишето пред употреба). На некои луѓе им е потребна една доза од 1,5 литри од оваа напивка за регулирање на покачен холестерол и триглицериди, а на некои им се потребни 2 дози. Забелешка: не започнувајте со втората доза додека не ги проверите наодите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts