vesti24.mk
ЗАБАВА

ЦЕЛОСНО ПРИРОДЕН ПИЈАЛОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Здрав е и неверојатно вкусен, а состојките веќе ги имате!

ECA

Знаете дека внесувањето доволно вода е важно за вашето здравје, и ако ги додадете овие две состојки во вашата вода, брзо ќе изгубите тежина!

Без разлика дали сте јаделе малку повеќе за одморите или само сакате да ја измените линијата пред летото, знајте дека постои еден сосема природен пијалок што ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да се ослободите од вишокот течности од вашето тело.

Сè што треба да направите е да додадете јаболко и цимет во водата – поточно, додадете едно јаболко, еден лимон и стапче цимет во еден литар вода.

Овој природен пијалок ќе ги намали воспалителните процеси во телото и ќе му помогне на организмот да се ослободи од токсините и вишокот течности, да го забрза метаболизмот и сето тоа влијае на топењето на масти.

Загрејте ја водата во тенџере, но не дозволувајте да зоврие. Потоа истурете ја во бокал, додадете цимет, сецкано јаболко и кога пијалокот ќе се олади, ставете го во фрижидер. Во ладниот пијалок додадете сок од лимон и испијте го.

Најдобро е да го пиете овој пијалок по една чаша секое утро веднаш по будењето, а остатокот да го дистрибуирате по желба во текот на денот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts