Циркус на судењето за Диво Насеље – обвинетите велат биле борци за слобода

Судскиот процес за хоророт во кумановската Дива Населба продолжи и денеска под силно полициско обезбедување. Бајрам Елшани, еден од обвинетите во судската постапка за случајот Диво Насеље стана и се обрати на судијата дека ќе ја открие целата вистина во завршниот збор.

Денеска во судницата се случуваше циркус. Обвинетите велеа “Не сакам да сум терорист, сакам да сум борец за слобода”, “Нема правда, нема мир”, и беше потребен цел час да се воспостави ред на судењето.

– Полека судија, се ќе биде. Се ќе кажам, се е тука”, изјавил Елшани пред судијата.

– “Место да викате и да не го почитувате судот, можете да извадите по еден лист хартија и да го запишете тоа што го кажува обвинителот, а што вие сметате дека не е вистина. Потоа во вашиот завршен збор ќе можете да кажете се што сакате, истакна судијката.

Инаку, според обвинителот и покрај тврдењата на обвинетите дека во Македонија дошле за спроведување на Рамковниот Договор, тоа со ништо не го потврдиле.

За потсетување, на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација, за пукањето во Куманово што се случи на 9 мај 2015 година. Во антитерористичката акција осум македонски полицајци-херои ги положија животите. Акцџијата се случи на 9 мај 2015 година и започна рано утрината во саботата на 9-ти мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.

извор:пресс24

Loading...