
Изгледа убаво, но хималајската сол нè чини многу повеќе од обичната, кујнската. Истата тежина на оваа розова сол чини 10 пати повеќе од класичната.
Хималајската сол е еден вид карпеста сол што потекнува од рудник за сол под Хималаите во Пакистан. Станува збор за халит, минерална форма на натриум хлорид, која е формирана одамна, кога областа сè уште била покриена со океанот. Бојата варира од црвена до бела, што станува розова.
Целата хималајска сол е извлечена од рудникот за сол Кевера во Пакистан, кој е втор по големина рудник за сол во светот. За разлика од морската сол, хималајската сол не е под влијание на разни загадувачи, па затоа е чиста и незагадена, пишува Бизнис инсајдер.
Проценето е дека резервите на сол во рудниците за сол на Хималаите варираат од 82 милиони до 600 милиони тони. Само 6 проценти од произведената сол во светот се користи во прехранбената индустрија. Остатокот се користи за одмрзнување на патиштата, во процеси на прочистување на водата, земјоделство и индустрија на пластика, хартија и пулпа, сапун, гума, па дури и грнчарија.
извор:курир.мк