vesti24.mk
ЗАБАВА

Чоколаден мус со портокал: Фантастична неодолива идеја за после ручек

ECA

Овој мус од чоколадо може да се користи како крем за колачи, но најдобриот начин да уживате во овој неодолив десерт е едноставно да го послужите во чаша. Еве кои лесни состојки ви се потребно за да добиете совршено пенливо уживање.

Состојки
120 гр темно чоколадо
2 јајца
1 прстофат сол
30 гр путер
4 супени лажици шеќер
Половина супена лажица ситно исечена кора од портокал

Начин на подготовка
Растопете го чоколадото со путерот и оставете ја смесата малку да се излади. Следно, одвоете ги белките од жолчките и притоа белките изматете ги заедно со прстофат сол, користејќи мискер, до добивање цврста пенеста смеса. Потоа кон добиената смеса додадете и 2 лажици шеќер.
Изматете ги жолчките со 2 лажици шеќер и поставете ги да се готват на пареа, притоа мешајќи неколку минути. Следно, додадете ги во растопеното чоколадо. Во чоколадото лесно изматете ја црстата смеса од белките и на крај додадете го и портокалот.
Сервирајте го десертот во чаши и поставете го да се излади во ладилникот.

Извор: НАНЕ

извор:курир.мк

Loading...

Related posts