vesti24.mk
ЗАБАВА

Шарена туршија: Највкусната зимска салата полна со здравје и витамини!

ECA

На летото му се ближи крајот, што значи дека е време за приготвување зимница.

Во зима имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамините и минералите тој период ни се попотребни одошто налето. Најдобриот начин да ги сочувате секако дека е приготвувањето зимница. Ви предлагаме рецепт за шарена зимница, салата што е убава на око, но и многу вкусна.

Состојки:
1 кг краставички
1 кг моркови
1/2 кг зелен домат
1/2 кг зелени пиперки
1 кг карфиол
1 кг зелка
За преливот:

750 мл алкохолен оцет
250 г шеќер
150 г сол
250 мл вода
1/2 литар масло
1 кесичка бибер во зрно

Приготвување:
Целиот зеленчук измијте го и исечете го на кругови, а зелката на тенки резанки. Морковот бланширајте го малку (околу 5 мин.), оладете го, па и него исечете го на кругови.

Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и варете на тивок оган до вриење. Кога ќе зоврие, со течноста прелејте го зеленчукот што сте го наредиле во тегли.

Салатата е спремна за употреба веќе наредниот ден. Добар апетит!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts