vesti24.mk
ЗАБАВА

Шефица од пеколот: Вработена побара слободни денови бидејќи нејзиниот син се борел за живот, а доби шокантни одговори!

ECA

Кристал Рејнолдс Фишер од Мичиген доживеа непријатна ситуација откако на шефицата и’ кажа дека нема да може да дојде на работа бидејќи нејзиниот син се бори за живот и завршил во болница.

Имено, нејзиниот син одеднаш добил сепса и итно бил пренесен во болницата, каде лекарите го поврзале со апарати кои му помагаат да остане жив. Очајна и загрижена за својот син, мајката испратила порака на својата шефица на бензинската пумпа каде што работи, дека нема да може да дојде на работа и истовремено објаснила за што станува збор. Сепак, наместо очекуваната реакција, таа доби брутален одговор.

„Тука не функционираат така работите, го прифаќам отказот“ вратила шефицата на оваа порака.

Вознемирената жена тогаш праша како треба да функционираат работите кога животот на нејзиниот син е загрозен и тој дише на машини.

„Никогаш не реков дека давам отказ, но еве, прифаќам дека ме отпушташ“ – налутено напиша мајката.

Наскоро доби уште еден груб одговор: „Кога не можете да дојдете на работа, тоа значи дека давате отказ“.

– Не, тоа значи дека ве известувам дека не можам да дојдам затоа што животот на моето дете виси за конец, а тоа ви го кажувам однапред,  напиша Кристал, која потоа ја објави целата преписка на својот Фејсбук профил.

За жал, тоа не беше крајот на преписката. Шефицата објаснила дека  таа ќе мора да работи, дури и во таква ситуација.

– Морам да ги платам сметките и на тој начин би била зафатена. Не може само така да доаѓате и да си заминувате од оваа компанија. Имате два дена покриени. Твојот син е на најдобро можно место, а јас морам да ја работам работата и тоа е во  мојот фокус, напиша шефицата.

Бидејќи јавноста изврши огромен притисок и силно ги осуди овие постапки, од компанијата излегоа со јавно соопштение:

Тие ја отпуштиле шефицата на одделот каде работела оваа мајка, а на Кристал и дозволиле да земе слободни денови  колку што има потреба и ја информирале дека истите ќе бидат платени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts