vesti24.mk
ЗАБАВА

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА ЕДНА МАЈКА: Беше преплашена кога откри што се случуваше на кровот на нејзината куќа!

ECA

Моника Грин, од Квинсленд, веднаш сфати дека нешто не е во ред кога забележа дека работите не се на место во нејзиниот дом. Мајката се преплаши откако откри дека странец живеел на нејзиниот покрив цели три недели.

Иако на почеток малку се грижеше, грижите станаа големи кога мајката на три деца дојде дома во понеделникот после лекарски преглед и беше очигледно дека работите не се на свое место.

Климата беше вклучена, азадната врата оставена отворена.

Уште поголем знак дека нешто не е во ред беше што таа во кујната најде полу-зготвен оброк пилешки медалјони.

Грин веднаш повикала полиција, која дошла и открила дека вратата на таванот е искривена.

-Се чувствував како да се случува хорор филм, рече таа.

„Јас требаше да се грижам за децата и се чувствувам како да не успеав во тоа“.

Верува дека таа личност имала пристап до куќата откако и ги украла клучевите.

Оттогаш таа ги смени бравите.

„Што правеше таа личност во мојата куќа кога не бев дома?“, праша таа кога даваше изјава за „Нов Зеланд Хералд“.

„Дали се обидуваа да ми наштетат мене или на моите деца? Дали тие сакаа едно од моите деца? “

„Дали планираа да се симнат во текот на ноќта и да ме убијат?

Пред да го направи застрашувачкото откритие, Грин утврди дека нејзиниот систем на безбедносни камери е оневозможен.

Полицијата откри докази за лице кое живее на таванот,  се претпоставува подолго време, но лицете сè уште не е пронајдено.

Полицаецот Џејсон Милнер изјави дека инцидентот е „секако уникатен“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts