vesti24.mk
ЗАБАВА

Што навистина мислат жените кога зборуваат дека сакаат џентлмен?

ECA

Немаме нерално високи очекувања. Навистина не. Кога ќе чуете како зборуваме дека сакаме господин, можеби мажите си замислуваат дека сакаме добро облечен човек со моќ и пари, но тоа не е она на кое мислат жените. Никако.

Нам не ни треба некој богаташ кој ќе нѐ одведе во некој ресторан со 5 ѕвезди каде ќе можеме да нарачаме кавијар. Жената сака маж кој ќе се потруди да ја изведе на убав состанок. Може да ја одведе во музеј или на бесплатен концерт во парк и таа ќе биде среќна. Жената сака маќ кој ќе се труди таа секогаш да биде насмеана.

Нам жените не ни треба дотеран маж во одело и вратоврска за да покаже колку е згоден. Ние само сакаме некој кој ќе се појави во чиста и испеглана маица, може дури и во кратки панталони кои не се за на кошаркарски терен. Сакаме тој да се потруди и да одбере облека во која тој ќе се чувствува добро, тоа да го одбере за неколку минути, со оглед на тоа дека нам жените ни требаат неколку часа за да се подготвиме.

Нам не ни треба маж кој ќе не осипува со комплименти за да ни ја подигнува самодовербата до небо. Ние само сакаме да покаже благодарност за целиот труд кој сме го вложиле за да изгледаме добро. Само оние вистински и искрени комплименти. Не сакаме површни комплименти. Тие се бескорисни.

Нам не ни треба маќ кој ја знае разликата меѓу приборот за јадење салата и десерт. Ние само сакаме убаво да се однесува кон персоналот во ресторанот додека се во наше присуство, да нѐ почитува нас и оние кои се околу нас.

Нам не ни треба маж кој ќе одбие дружење со пријателите или кој ќе измисли приказна дека оди кај баба му, а всушност оди со другарите на пиво. Нам единствено ни е важно да не прави будала од себе ако се напие, да не бакнува други жени и после да не моли за прошка.

Не бараме ние некој кој никогаш не допрел жена. Ние само сакаме да знаеме дека не нѐ искористува за секс и дека сака да нѐ запознае како личност и дека не нѐ сака само поради убавината на нашето тело. Сакаме да знаеме дека не сте тип на маж кој ќе нѐ искористи и остави.

Не ни треба маж кој секој ден готви или чисти, без ние да мрднеме со прст. Ние само сакаме човек кој дејствува на начин кој од нас двајца прави тим. Маж кој го исполнува својот дел од куќните обврски и учествува во штедењето, плаќањето сметки, грижата околу куќата и семејството.

Во суштина, кога ќе кажеме дека сакаме господин, ние тогаш тврдиме дека сакаме некој кој ќе се однесува со нас како да сме рамноправни. Некој кој ние всушност го заслужуваме.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts