vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Што се случува утрово на македонските гранични премини- еве каква е сликата таму и каква е состојбата во живо (ФОТО)

ECA

Македонија вчера ги отвори границите без притоа да има ограничувања за влез и излез во нашата земја.

Аеродромите се отвораат на 1 јули годинава каде важат истите правила за влез и излез од и во нашата земја.

Иако граничните премини од вчера согласно одлуката на Владата целосно се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без задолжителен државен карантин, мал е интересот за патување надвор од државата. Најголем број патници забележани се на Табановце на границата со Србија и на Блаце, на границата со Коосово.

Според податоците на МВР, на граничниот премин Табановце од полноќ до 10.00 часот на влез и излез поминале вкупно 3.217 патници. Од нив, влегле вкупно 1.984 лица, од кои 1.308 домашни државјани и 676 странски. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 македонски државјани и 312 странски. На Блаце за првите 12 часа од отворањето на границата поминале над 4.000 патници

Фреквенцијата на патници на трите гранични премини со Република Бугарија – Деве Баир кај Крива Паланка, Делчево и Ново Село, струмичко, е слаба, а рампата ќе остане спуштена до 15 јули до кога трае вонредната состојба кај источниот сосед,. Товарниот сообраќај пак, кој се одвиваше редовно и за време на вонредната состојбата поради корона кризата, сега нивната работа е олеснета бидејќи веќе не им се потребни посебни дозволи од Државниот санитарен инспекторат.

Утрово најголем интерес за излез и влез во државата има само на два гранични премини во земјава според видео камерите достапни на страната Roads.org.mk.

Најголем број на возила се на граничниот премин Блаце и Табановце.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts