vesti24.mk
ЗАБАВА

Што треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место?

ECA

Многумина од нас го поминале животот подготвувајќи се за кариера за која или имаме или немаме искуство. Типично, сѐ уште не сме ниту возрасни кога ги формираме овие идеи за остатокот на нашиот живот и кариерата. Често се поведуваме од родителите, учителите, професорите за тоа како треба да изгледа успехот и нашиот пат го градиме по тие модели.

Иако интересот на нашето семејство, пријателите и познаниците за нашите избори е добронамерен, сепак има и големо влијание врз нашата способност да одлучиме што е најдобро за нас.

Во продолжените прочитајте ги 4-те клучни работи кои треба да ги знаете доколку планирате да ја промените вашата кариера.

1. Промената не е моментна

Кога ќе сфатите дека промената на работното место е неизбежна и потребна, можеби ќе се почувствувате како да сте тргнале голем товар од својот грб и дека сѐ останато што ќе се случува понатаму ќе биде лесно. Но, за жал, промената не се случува како во филмовите. Да се има реалистични очекувања од и за вашата кариера е витален елемент за вашиот успех.

2. Стравот за парите е неизбежен

Постојат многу стравови со кои луѓето се соочуваат кога ќе одлучат да направат каква било промена, а најчести меѓу нив се финансиските грижи кои прават да се чувствуваме многу нестабилно. Кога парите се поврзани со вашите чувства на сигурност и безбедност, како што е и случајот со многу луѓе, тогаш очекувајте промените во вашите приходи да имаат голем емотивен ефект врз вас.

3. Правилната поддршка е неопходна

Промената не е лесна ниту за вашите најблиски. Родителите и пријателите, дури и оние кои најмногу ве поддржуваат, се сепак луѓе, полни со емоции и желби. Тие можат да бидат и загрижени, посебно ако сакате да ја промените кариерата на едно сосема некарактеристично работно место за вас. Дозволете им да ви ја пружат потребната поддршка, бидејќи таа ви е повеќе од потребна. Поддршката од истомислениците или оние кои поминуваат во слична ситуација како вашата исто така може да биде од најголема помош.

4. Давањето отказ не е секогаш првиот чекор

Промената на кариерата е процес кој ќе ви помогне најпрво да истражите што значи за вас некоја позначајна кариера, потоа да дефинирате која промена е добра промена и за крај, да станете едно со вашиот план за промена на кариерата. Нема ништо лошо во тоа да сакате да го промените своето работно место, баш напротив, тоа е многу здраво. Дајте си време да размислите и избегнувајте да бидете импулсивни.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts