vesti24.mk
ВЕСТИ

Ѓорчев: Рангирањето на 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“ укажува на големиот арамилак на Заев и СДСМ

ECA

„По рангирањето на Македонија на 111-то место „Транспаренси Интернешнл“ укажува на арамилак, на крадење од Буџетот, од државата. Никогаш не било полошо. Значи меѓународна институција „Транспаренси Интернешнл“ вели Македонија е на најлошо место во изминативе 30 години и тоа е на 111-то место“, рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Само Вистина“.

Ѓорчев додаде дека онаа според СДСМ лоша влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тогаш Македонија се наоѓаше на 66-то место.
„Генерално просекот на нашиот перформанс беше од 60-то до 70-то место. А, сега дојде животот со СДСМ и сега сме 111-то место. Катастрофа. Немам зборови. А, внимавајте еве погледнете го само Буџетот на Македонија, македонскиот Буџет никогаш не бил поголем, четири ипол милијарди ќе се трошат. Но што е направено за тие четири ипол милијарди? Владите на Зоран Заев изминативе четири години имаат потрошено 12-13 милијарди евра. Значи нека ми покаже некој еве тоа и тоа е направено. Една шајка не е закована, една бандера не е направена“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека граѓаните во Македонија со право се разочарани од Заев и Владата бидејќи ништо не направија за државата.

„Семејството на премиерот има плантажи за марихуана и премиерот предлага легислатива со која што ќе се направат фабрики за марихуана. А тоа се ќе заврши на улица да го конзумираат нашите деца. Во која држава има тоа премиер што има плантажи, односно неговото семејство говорам за марихуана? Во Боливија го нема тоа“, појасни Ѓорчев.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts