vesti24.mk
ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Градоначалникот на Кисела Вода оди против потребите и проблемите на населението, работи по насока на политички поголемите од него

ECA

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, криминалните афери на власта, како и на лошото менаџирање на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Ѓорѓиевски вели дека жителите на општина Кисела Вода речиси четири години се соочуваат со бројни проблеми, урбан хаос, ужасна инфраструктура и уште огромен број проблеми, кои за жал не го засегаат градоначалникот Темелковски. Тој додава дека Темелковски е човек кој работи по наредба на неколку луѓе кои се политички над него, односно исполнува туѓи планови.

-Темелковски беше решен во Расадник да гради над 100 згради со огромен габарит, каде што сигурно веќе договорил и провизии и станбени објекти како награда за него. Ние како политичка партија застапена во Советот на општината, направивме се што досега можеме и е во наша моќ да го блокираме тој план, а ќе се бориме и понатака, бидејќи доколку тоа се реализира, општината ќе се парализира и населението ќе се соочува со навистина сериозни проблеми, вели Ѓорѓиевски.

-Замислете, општината нема пари да реализира проекти кои што се од круцијална важност на населението, а Темелковски троши околу 500.000 евра на годишно ниво за исплаќање плати на партиски војници, кои што беа вработени во општинската администрација веднаш по изборите во 2017. Поради тие луѓе кои му ја трчаа кампањата и се сега ситуирани во општината, на страна се тргнати и маргинализирани луѓе кои со години работеле во општината и со нивното дистанцирање, општината и граѓаните губат најмногу, вели Ѓорѓиевски.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори силно против оваа хунта која што владее и во општина Кисела Вода и нема да дозволи да се реализираат овие проекти на Темелковски, кои директно ќе влијаат врз животот и секојдневието на граѓаните. Тој продолжува во своеглаво со своите намери, токму поради тоа што знае дека му остануваат уште неколку месеци од неговиот мандат, а потоа ќе си замине од функцијата. Она што треба да го загрижува е тоа што ќе треба да одговара за сите скандали, бидејќи ги има навистина премногу, заврши Ѓорѓиевски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts