Јавните претпријатија на Град Скопје на терен во пресрет на Супер купот на УЕФА

217
1

Јавните претпријатија на Град Скопје интезивно работат на терен во пресрет на Супер купот на УЕФА, што ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ на 8 август, информираат од Градот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на просторот околу Градскиот Парк и централното градско подрачје, на одржување на зеленилото и чистотата, чистење и одржување на Кејот на Реката Вардар, како и одржување и поставување на нова урбана опрема, во вид на клупи и корпи за отпадоци.

Од Град Скопје соопштија дека ЈП „Комунална хигиена“ работат на чистење и одржување на хигиената, каде изминативе денови интензивно со луѓе и механизација се чистеше просторот околу арената „Филип Втори“ и централното градско подрачје.

извор:либертас