vesti24.mk
ЗАБАВА

Јапонец направил куќа на ,,педа место”, цел свет се чуди (ФОТО)

ECA

Виралните фотографии првично ги објави јапонскиот корисник на Твитер, Јуко Мохри, но оттогаш се споделени над 20.000 пати само на таа социјална мрежа. Тие покажуваат како изгледа еднокатна куќа сместена на многу тесно бетонско скалило.

Таквата сцена ќе привлече внимание насекаде во светот, но зачуденоста на многумина е уште поголема со оглед на тоа што куќата се наоѓа во Јапонија каде што често се случуваат силни земјотреси.

Откако фотографиите станаа вирални, многумина тврдеа дека станува збор за Фотошоп. Но, корисниците на Твитер многу брзо најдоа слики од Google Earth каде што куќата изгледа уште почудно.

Куќата се наоѓа во градот Такашима и се чини дека била преселена барем во еден момент. Што се однесува до причините зошто е така изграден, остана мистерија.

Но, незнаењето на сите факти никогаш не ги спречило луѓето да шпекулираат и оваа приказна не е исклучок. Некои тврдеа дека бизарниот дизајн му помогнал на сопственикот да заштеди на данок на имот, што се чини малку веројатно, додека други се сомневале дека тоа е единственото решение да се извлечат две места за паркирање од навистина мала парцела.

Без оглед на случајот, сите се согласуваат дека ова е една од најчудно дизајнираните куќи што ги виделе досега.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts