vesti24.mk
ЗАБАВА

Ја заборавил заштитната маска дома, поради начинот на кој се снашол да влезе во маркет е хит на социјалните мрежи: „Што е сигурно, сигурно е“

ECA

Заштитните маски стануваат сè поголема норма во нашиот секојдневен живот, а во многу трговски центри не можете да влезете без нив.

Дека луѓето смислуваат најразлични начини како да го исполнат тој услов, докажува оваа фотографија која што се појави на социјалната мрежа Фејсбук и која што веднаш стана вирална.

Овој човек поради тоа што ја заборавил својата заштитна маска дома, се снашол, па лицето си го покрил со маица додека купувал некакви пијалаци од маркетот.

На истата страница на која што била поставена и претходната фотографија, се појавила и друга фотографија на која што некој човек заштитната маска ја ставил на необично место.

„Исправно носење маска“ – пишувало во описот.

„Тоа доколку некој му кивне од зад грб, што е сигурно сигурно е“ – заклучил некој корисник на Фејсбук.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts