vesti24.mk
ЗАБАВА

Ја имаат само вистинските среќници: Дали на вашата рака ја има линијата на ангелот чувар? (ФОТО)

ECA

Постои мислење дека личноста која на својата дланка поседува линија што е паралелна со линијата на животот е неверојатно среќна. Несреќите секогаш ќе ја заобиколуваат, а среќата нема никогаш да ја напушти во текот на целиот нејзин живот.

Луѓето кои ја поседуваат оваа линија на дланката се исклучително среќни. Тие, за чудо, остануваат живи во катастрофи и несреќи, имаат одлично здравје, не доживуваат материјални потешкотии и лесно ги надминуваат препреките на животниот пат. Ако имате среќа да имате ваква линија на својата дланка, бидете им благодарни на Бога, на вашата судбина и на вашиот ангел чувар.

Варијанти на линијата ангел чувар на дланката

Паралелно со линијата на животот, по целата должина

Ова е одличен знак! Човекот со таков знак ќе биде заштитен од својот ангел чувар во текот на целиот свој живот.

Мала линија која поминува покрај линијата на животот (едвај видлива или испрекината)

Носителите на вакво обележје ги очекуваат животни проблеми и неволји, кои подоцна ќе ги заобиколат.

На десната рака

Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот за неговите лични заслуги. Тоа може да биде заради сторено добро дело или тешко претрпени страдања.

На левата рака

Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот кој го добил од моментот на неговото раѓање. Таквите појави често се пренесуваат од предците.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts