vesti24.mk
ВЕСТИ

Јованчев до власта: Што поскоро да се исплатат субвенциите на лозарите по мерката за одржување на лозов насад

ECA

Денес е Свети Трифун, традиционално општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци денес изврши закројување на виновата лоза. Воедно сакам да го честитам празникот на сите лозари како во Тиквешијата така и во Република Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој момент го користам и да упатам апел до власта, односно до Владата на Република Македонија, бидејќи до мене како народен пратеник стигнуваат, пристигаат информации за субвенциите кои што не се доисплатени по мерката за одржување на лозов насад. И исто така има информации дека за последните три години мерката за регистриран, индивидуален земјоделец кои што треба да земаат 20% повеќе, поголем износ на субвенции, исто така и тие субвенции каснат, три години не се исплатени. Па, апелирам еве што поскоро, во што побрз временски период Владата да ги нели исплати истите тие субвенции. Воедно да кажам дека и субвенциите по мерката КОВИД-19 за реколтата 2020-та година исто така и тие не се доисплатени во целост, па редно е, бидејќи сме на почеток на сезоната во лозовите насади, на земјоделците, на лозарите им требаат средства и истите тие во најскоро можно време да се нели исплатат. Воедно, крајно време е Свети Трифун, да почнат разговорите помеѓу винариите, лозарите со посредство на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. А, се со единствена цел да се утврди достоинствена цена, како на грозјето, а така да имаме и достоинствен земјоделец односно достоинствен лозар, потенцира Јованчев.

Тој додава дека да, не ни се случи како минатата и предминатата година, минатата посебно која што беше хаотична во секој дел, неорганизиран откуп и многу ниски цени на грозјето кои што се движеа некаде помеѓу два и три денари.

-Апелирам до Владата, под итно да изврши проверка преку своите механизми, преку Државниот земјоделски инспекторат да провери дали винариите кои што минатата година откупуваа грозје по мерката КОВИД-19, истото е преработено за вински дестилат бидејќи тие го откупуваа за преработка на вински дестилат по ниски цени. Имам информации и јавно прашувам дали винариите кои што минатата година го откупија ова грозје го имаат преработено во вински дестилат или истото е преработено во квалитетно вино, а со тоа да ни се случи најголемата измама во историјата на лозарството. На крајот, уште еднаш упатувам честитки до лозарите, најпрвин да му посакам  среќа, здравје и бериќет, вели Јованчев.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts