vesti24.mk
ВЕСТИ

Јорданов: Оваа Титаник влада на елитизам и глумење сила,  за кратко време ќе биде потопена од македонскиот народ

ECA

Овој предлог за влада слободно може да се нарече како Титаник влада. Велите дека ќе трае оваа влада долго и направена за големи цели и очекувања, со многу пари исто како бродот кој и бил наречен дека е непотоплив, па оттаму и сличноста, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.

– Гледајќи ги партиите од владејачкото мнозинство, повеќе или помалку наликуваат на горните слоеви од овој брод, елитизам, глумење сила, еминенција, пари, а помалите политички партии од тој состав се оние патници сместени во долните слоеви, надевајќи се дека ќе бидат дел, дека ќе сркнат о сребрената лажица, иако помалите партии ништо не добија во оваа коалиција.  Титаник бил потопен од санта мраз, а оваа влада за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена македонски народ, истакна Јорданов.

Тој додаде дека во овој владин брод има еден патник кој купил скап билет, ама не од негови пари туку од парите на граѓаните на Општина Штип, сакајќи да се спаси од жителите затоа што кукавички избега на бродот и оставајќи ги граѓаните во чамец, но кога ќе потоне бродот ќе бара спас во чамецот но за Бочварски тогаш таму место ќе нема.

– Затоа во последните изборни циклуси губите во Штип. Затоа што го оставате народот на цедило. Тој беше именуван како командант на кризниот штаб за справување со Ковид-19, па со неговото командување го позиционира Штип на врвот на листата со најмногу заразени. Оставивте ветени пред 3 години,  а нереализирани проекти во Штип. Ако овие проекти ги излажавте за Штип што може да очекува од вас македонската јавност како министер за транспорт?, вели Јорданов.

Тој посочи дека се ветило, жичара до Исарот, Аква парк најголем на Балканот, гасификација за Штип, а не се направени ниту водовод и канализација, ништо од тоа не е реализирано.

– Колегата Николов, спомна за здравството од Штип, а благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ вие станавте еминентен доктор, затоа што добивте можност да добиете доусовршување, а како аманет ви остана да ја довршите клиничката болница на која цигла не ставивте и шајка не заковавте. Освен делење на тендери со фирмата на Жути, друго ништо не видовме, нагласи Јорданов.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts