Ја гледал смртта на убиецот и силувач не неговата тригодишна ќерка: Се чувстувам како повторно роден

1522

Јахја Алматари стоел во првите редови меѓу насобраната маса која дојде да го види погубувањето на неговиот сосед Мухамад ал Магхраби кој е осуден на смртна казна со стрелање од калашников во центарот на јеменската престолнина Сана. Убиен е со пет куршуми во грбот.

Ал Магхраби (41) од Јемен е осуден на смртна казна поради силување и давење на дете, тригодишната Ране Алматари која ја грабнал по пат.

-Се чувствувам како повторно да се родив. Ова е прв ден од мојот нов живот, рече таткото на девојчето по погубувањето на убиецот.

Меѓу толпата се наоѓаа и другите членови на семејството на малото девојче кои извикуваат „да живее правдата“.

Таткото на убиеното девојче изјави дека откако го гледал убивањето, со членовите на семејството отишол во мртовечницата од болницата и го подигнал телото на неговата ќерка. Потоа го погребале девојчето на блиските гробишта.

„Мојата жена и јас сме му благодарни на Бога што покажа дека правдата сепак постои, рече тој.

A father said he watched the execution by machine gun of the man who raped and murdered his three year daughter with '…

Posted by Health on Thursday, August 3, 2017

Убиството на тригодишното девојче ја шокираше целата земја, а убиецот откако го силувал девојчето, нејзиното тело го фрлил крај блиската џамија во која редовно оделе нејзините родители.

Убивање на убиецот наредил судот, откако го признал силувањето, но прво бил осуден ан 100 удари со камшик, но поради бесот на јавноста, судијата заклучил дека казната не е доволна и ја преиначил во смртна.

Со пребарување на неговиот стан се пронајдени таблети и лубриканти што може да упати на тоа дека ова злосторство и го планирал.

извор:сителтв

Loading...