Ја скршил наплатната рампа – Филмска бркотница меѓу полицијата и криумчарите на мигранти

1047
1

Филмска бркотница се случувала вчера на автопатот Велес – Скопје при обид на полицијата да фати еден од организаторите инволвиран во меѓународна мрежа за криумчарење на мигранти.

Возачот на „мерцедесот“ возел и со 200 километри на час за да ги избегне блокадите и полицијата. Тој успеал да ја пробие првата полициска блокада, но полицијата продолжила и со други полициски патроли. При бегството возачот ја скршил рампата на наплатната станица кај езерото „Младост“.

Во автомобилот биле најдени 12 мигранти кои заедно со уште двајца мигранти кои биле најдени на други локации, се префрлени во прифатниот центар на МВР. Уапсени се вкупно 13 лица кои биле вмешани во меѓународна група за криумчарење на мигранти од Грција преку, Македонија и Србија кон западноевропските земји.

Кривична пријава е поднесена против 23 лица, од кои дел се во бегство и се трага по нив.

Деталите за полициската акција ги соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазар Велковски.