Ја украл од Јове! – Најголемата и најтрагична љубов на маршалот Јосип Броз Тито

1671
1
Се облекувала модерно и женствено, поради тоа што била од богато семејство. Сето ова било доволно за да стане партиска курирка.

За Јосип Броз Тито, до ден денешен може да се слушнат разни приказни. Освен тоа што бил голем државник и претседател, кој водел сметка за својата земја и народ, дека исто така многу ги сакал и жените и дека имал бројни врски. Сепак, и покрај сите жени кои минале низ неговиот живот, најголема трага му оставила токму Даворјанка Пауновиќ Зденка, која била неговата најголема љубов.

Умрела многу млада, а Тито никогаш не ја преболел. Ја погребал во Белата палата, за да може да биде во нејзина близина. Таа е родена на 19 јануари, 1921 година, во Кучево. Во 1922 година, нејзиното семејство се преселило во Пожаревац. Нејзиниот татко Милан бил учител и угледна личност, како и учесник во Првата светска војна и носител на многу одликувања, меѓу кои и на Орденот на ѕвездата на Караѓорџе. Мајката Бисенија – Биса, родена Милетиќ, била домаќинка.

Во школо тргнала во 1927 година, на шест годишна возраст. Од мала се интересирала за книги и цело време била одлична ученичка. По основното школо, продолжила во гимназијата во Пожаревац. Како гимназијалка, заедно со својата братучетка од вујко, Вера Милетиќ, со која била и најдобра другарка, се вклучила во 1936 година во револуционерното младинско движење.

Истата година е примена и во членството на тогаш илегалниот Сојуз на комунистичката младина на Југославија (SKOJ). Поради тоа што потекнувала од угледно семејство, за периодот на средношколските денови, директорот на гимназијата ги посетил нејзините родители и им рекол дека ќе мора да ја исфрлат од гимазијата, поради нејзиниото учество во комунистичкото движење.

Заедно со сестра и, Вера Милетиќ, веднаш по доаѓањето на студиите во Белград, се вклучила во револуционерното студентско движење, на Белградскиот универзитет. Даворјанка била многу образована, и покрај францускиот, говорела и германски и чешки јазик.

Се облекувала модерно и женствено, поради тоа што потекнувала од богато семејство. Сето ова и препорача да стане партиска курирка. Поради илегалната работа на КП Југославија, работата на партискиот курир, кој често пренесувал важни партиски документи и информации, била многу сложена и опасна.

Во февруари 1941 година, во Загреб посетувала илегален, ради-телеграфски курс. Во тој период се запознала со генералниот секретар на КПЈ Јосип Броз Тито, кој го следел курсот и ги запознал сите учесници, меѓу кои била и Даворјанка.

Љубовта меѓу Даворанка Пауновиќ и Јосип Броз Тито била голема и трагична. Во периодот кога го сретнала таа била во емотивна врска со Јово Капичиќ, студент по медицина, со кого се запознала на крајот на 1929 година, а Тито бил во вонбрачна врска со Херта Хас, која била во блажена состојба.

За време на престојот на Тито во окупираниот Белград, од мај до септември, 1941 година, Даворјанка била негова специјална курирка. Тито престојувал во Дедиње, во вилата на семејството Ненадовиќ, а Даворјанка престојувала во непосредна близина во Румунската улица.

На крајот на март 1941 година, ги посетила своите родители во Пожаревац, и рекла дека оди на безбедно место и да не се грижи. Потоа во Белград се опростила од својот дотогашно момче и соопшти дека партијата го испратила на задача. Нивното раскинување било многу емотивно, затоа што многу се сакале.

Во текот на престојот на Тито во Белград, од почетокот на мај до половината на септември 1941 година, се развила љубов меѓу него и Даворјанка. Била тоа „забранета љубов“, меѓу неа и генералниот секретар на КПЈ, кој од неа бил постар повеќе од 28 години. Тито му се допаѓало што таа била импулсивна, и одлучна, а истовремено нежна и емотивна девојка.

Нејзината убавина, елеганција и постапки ја правеле како вистинска дама. Тито поради нејзината храброст, одважност, темперамент, отменост, и познавања на странски јазици, се чувствувал дека со неа полесно ќе ги извршува задачите кои и претстојувале.

Во таа цела Народноослободувачка војна, Даворјанка била со Тито и во Врховниот штаб НОВ и ПОЈ – каде воениот пат од Ужице, преку престојот во Санџук и Фоча, походот во Босанската покраина, битката на Неретва и Сутјеска, слетувањето на Дрвар до доаѓањето на Вис.

Кога во текот на битката на Сутјеска, на 9 јуни 1943 година, Тито бил ранет во раката од гелер на авионска бомба, Даворјанката прва му пристигнала на помош. Заедно со Раде Ристановиќ, кој и бил како придружба, му дала прва помош и му ја превезала ранетата рака. Заедно со Тито, минала низ најлошите искушенија во партизанското војување.

За учеството во долгите и напорни машеви, како и во непријателската офанзива, и биле потребни дополнителни напори и влијаело на нејзиното кревко здравје. Во јуни 1944 година, кога Врховниот штаб преминал на островот Вис, Тито успеал да ги убеди и да мине во Советскиот Сојуз на лечење.

По ослободувањето на Југославија, Даворјанката стнала лична секретарка на маршалот на Југославија и престојувала најпрво во резиденцијата во Румунска на 15, а потоа во Белата палата, каде ја превземала улогата на домаќинка. На почетокот на 1946 година, повторно се разболела, и добила воспаление на десниот бел дроб.

Најпрво била лечена во Белград, а потоа била упатена во санаториум во Голника, кај Драња, каде починала на 1 мај 1946 година. По лична желба, била погребана во кругот на Дворскиот комплекс на Дедиње, во близина на Белата палата.

Како својата голема љубов, Јосип Броз Тито пред крајот на својот живот одлучил да не го погребаат на гробишта. Местото на своето вечно почивалиште го одбрал во дворот на својата резиденција, во Ужичке 15, односно во зимската градина, денеска позната како Куќата на цвеќето.

извор:репортер