Јелена Жугиќ и Братислав Димитров разрешени од директорските позиции

121

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ги разреши директорите на Театарот за деца и младинци – Скопје и на театар „Комедија“ и на нивно место назначи нови директори.

За нов директор на Театарот за деца и млади е назначена Катарина Илиевска – Силјановска која доаѓа на местото на досегашниот директор Братислав Димитров, а на директорското столче во театарот „Комедија“ ќе седне Мирјана Поповска – Ристов, која доаѓа на местото на Јелена Жугиќ.

– Единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите – се наведува во соопштението.

извор:фокус

Loading...