vesti24.mk
ЗАБАВА

ЌЕ ВИ СЕ НАСОЛЗАТ ОЧИТЕ: Пронашол прстен на плажа – на него биле испишани иницијали кои откриле неверојанта приказна од пред 30 години!

ECA

Украдениот веренички прстен конечно и бил вратен на една вдовица, по повеќе од 30 години. Благодарение на детектор за метал, прстенот е пронајден на плажа во Шкотска.

Тејлор во песокот открил накит што и припал на Дороти Никол, на длабочина од само четири сантиметри.

Со помош на врежани иницијали и старост, тој започнал да го бара сопственикот на прстенот.

Му помогнала неговата пријателка Лиз, и пребарувајќи низ документацијата и книгите на венчани, откриле дека прстенот и припаѓа на Дороти Никол од Броти Фери, која сега има 82 години и била во брак со Ендру Никола.

Тие преку Фејсбук успеале да стигнат до ќерката на Дороти, Хилари , а прстенот, кој исчезнал во 1987 година, и бил вратен на сопственичката.

Дороти веднаш го однесе прстенот кај локален златар кој го замени каменот и го исчисти, а сега е воодушевена што прстенот е повторно со неа, пренесува Дејли меил.

– Кога Хилари ми рече дека некој и се јавил и рече дека го пронашла мојот веренички прстен, помислив дека не може да биде можно. Не очекував дека некогаш ќе го видам откако беше украден. Но, сега знам дека тоа е мојот прстен со гравура, и златарот совршено го исчисти , возбудено рече Дороти.

Прстенот го украле разбојници кои го ограбиле домот на Никол и Ендру во 1987 година додека тие биле во театарот.

Иако пријавиле кражба, полицијата никогаш не го открила идентитетот на крадецот.

Дороти рече дека нејзиниот сопруг починал пред четири години и дека би сакала тој да знае дека прстенот конечно и е вратен, особено затоа што тие се вериле додека тој бил уште студент, а тој го купил прстенот од студентска работа со скратено работно време .

Тејлор, кој го пронајде прстенот, вели дека е среќен што приказната добила ваков епилог.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts