vesti24.mk
ВЕСТИ

Ќе има ли целодневна настава за учениците?

ECA

Викендов Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали има услови за повеќечасовно згрижување на децата во училиштата.

Министерот Филипче вели добро е што се работи за истиот број на ученици кои заедно ќе слушаат и настава.

„Разговаравме вчера со министерката Царовска, анализата е направена. По комисијата ќе одлучуваме во понеделник на Влада. Бројката е толку мала да не ја загрозува здравствената безбеднос.Предност е што се работи за иста група на дечиња.

Доколку се зголеми бројот на случаи во градинките, министерот пак вели нема да се затвораат бидејќи донесени се јасни протоколи за работа. Смета дека е предност што во нашата земја за разлика од другите примери, постепено се отвораат.

Развиени се алгоритми , секојдневно ја следиме ситуацијата. Правиме постепен влез и опуштање на одредени групи и сметаме дека тоа ќе придонесе да избегнеме влошвање на состојбата. “

извор:курир.мк

Loading...

Related posts