Ќе вложите 15.000, а ќе заработите 30.000 евра за една година

За производство во пластеници потребно е да се вложат 15.000 евра, а ако родот биде богат, и нема штети, во првата година може да се вратат парите и да се заработи уште толку.

Производството на овошје и зеленчук нуди брза заработка, и затоа се зголемува бројот на луѓе кои се занимаваат со оваа дејност.

За еден хектар се вложуваат 15.000 евра, а родот е до 60 тони.

Сезонската цена диктира колкава ќе биде заработката.

Најмногу пари се потребни за семе, обнова на фолии и заштита.

За производителите сепак проблем е кога увозните производи ќе ги урнат цените на домашните производи.

Loading...