vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Ќерка го ограбила татка си, му украла накит и пари вредни повеќе од 10.000 евра

ECA

18-годишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена дека од сефот на татка си украла разновиден златен накит и повеќе 10.000 евра.

Според информациите на МВР, вчера Н.С. (45) од село Туденце пријавил дека во периодот од 27 декември лани до 21 февруари пријавил дека непознат сторител извршил кражба во неговата куќа, на непознат начин и без оштетувања. Сторителот, според пријавата, влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3.000 евра во разни апоени вредни над 600.000 илјади денари.

Набргу по пријавувањето, велат од МВР, кражбата била расчистена, а осомничена е 18-годишната ќерка на пријавителот Н.С.

Loading...

Related posts