vesti24.mk
ЗАБАВА

Ѝ остануваат уште неколку дена живот: 23-годишна девојка се венча со љубовта на својот живот

ECA

23-годишна девојка се омажи за љубовта на својот живот откако и’ беше кажано дека има само денови преостанато од нејзниот живот

Од лекарска негрижа до рак.

Ешли е 23 годишна девојка и има рак, а ненавремена реакција на матичен лекар и специјалист што не спровеле основни тестови како биопсија, е кобно по нејзиниот живот.
Таа е во мисија да ја изнесе својата приказна за младите да се проверуваат, но исто така лекарите добро да проверуваат ако не се сигурни во нешто. Тоа нејзе ќе и го спасеше животот.

Ешли во саботата се омажи за љубовта на својот живот, Џејсон Хејл на Голд Коуст, а кажано и’ е дека денови се во прашање до крајот на нејзиниот живот.

Ешли имала 20 години кога забележала грутка на ногата и отишла на лекар за да ја провери. Но, семејството тврди дека лекарот сметал дека тоа не е ништо повеќе од брадавица и ја испратил на хирург, без да направи биопсија.

-Еш мислеше дека ја испраќаат на специјалист за кожа, но сега знаеме дека тој беше општ хирург кој и рече дека е потребен само козметички зафат и дека ќе треба да плати 2.500 долари за да и го извадат.
А Ешли си замина уверена дека нема за што да се грижи.

Но, по некое време болката на Ешли станувала се поболна и таа знаела дека нешто не е како што треба.

-Кога почна да крвари, таа отиде кај друг лекар кој веднаш направи биопсија и два дена подоцна и’ рече дека станува збор за меланом.
Таа сега има рак на белите дробови, рак на црниот дроб, рак на градите и има преостанато само неколку дена живот.

Г-дин Тони Симрај, нејзиниот татко изјави дека целото семејство е уништено од тага.

-Таа им веруваше на медицинските професионалци и го продолжи својот живот како се’ да е во ред.
Да беше дијагностицирана кога првпат отиде да ја прегледат, немаше да биде таму каде што е сега.

Г-дин Симрај изјави дека животот на семејството е ставен во мирување веќе 12 месеци и сите живеат во страв за тоа што ќе се случи со Ешли.

-Ешли тежи 34 килограми сега, и е кожа и коски. Таа е под палијативна нега и се бори за секој здив, рече тој.

Ешли и нејзиното семејство покренаа случај против двајцата медицинари.
-Како и да е, како го заменувате животот? Како ги поправате болките и страдањата што ги имаше Ешли и влијанието врз нашето семејство? Како заменувате никогаш повеќе да не ја видите или да имате внуци? рече г-дин Симрај.

-Би направил што било и би дал што било за да ја имам Ешли во мојот живот засекогаш, таа не е само моја ќерка, туку е и моја најдобра пријателка.
Никогаш нема да можам да ја пополнам таа празнина, нашето семејство повеќе нема да биде цело и никогаш нема да бидеме исти.

Г-дин Симрај рече дека правниот случај не се однесува на пари, туку напротив, лекарите „сами ги прифаќаат своите грешки и преземаат одговорност“.
Тој се надева дека ќе ја прошири пораката на својата ќерка: Проверувајте ја кожата и верувајте му на вашиот инстинкт.

-Ако мислите дека лекарите не ги прават основните работи како биопсија, а чувствувате дека треба, натерајте некој друг лекар да го провери тоа, рече тој, додавајќи:
-Да се ​​види како е толку кревка на нејзиниот најсреќен ден беше срцепарателно, но сепак да се види љубовта што беше во собата за неа беше многу инспиративно.

Ешли беше „исцрпена“ по церемонијата и го гледаше приемот од нејзиниот кревет.

Не можејќи да танцуваат поради ограничувањата на КОВИД-19, Ешли и нејзиниот татко ја слушаа омилената песна од Бруно Марс, наместо танц.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts