vesti24.mk
ВЕСТИ

„Џафери и Заев да не си играат со оган, ќе им пукне петардата во рака“

ECA

Јас уште после оние украдени би рекол корона избори кои ги злоупотреби Заев и едвај извади нерешен резултат со блага негова предност не би рекол дека оваа влада е стабилна и Парламентот ваков каков што е ќе функционира и ќе биде практично Парламент кој што ќе носи одлуки односно ќе може да носи одлуки, а тие одлуки ќе бидат во корист и полза на граѓаните. Тоа всушност и се оствари, неколку пати тогаш барав лидерски средби пред Нова Година, пред крајот на 2020, бев одбиван за да овој март месец имавме таа те-та-тет средба на мое барање на кои се обидовме некои процеси во рамките на Парламентот ги одлагаме. Но однесувањето на спикерот во Собранието кое секако е поддржано од парламентарното тенко мнозинство во случјаот и СДСМ на чело со Зоран Заев, денеска дополнително ги комплицира работите, односно дополнително не потсетува дека ништо во суштина не е решено и дека ситуацијата многу брзо може да ескалира и да се радикализира. Јас би го предупредил да не си игра со оганот затоа што може да се изгори и да му пукне во рака петардата, а кога ќе му пукне петардата во рака тогаш нема враќање назад. Затоа луѓето треба да бидат свесни дека одговорноста е во парламентарното мнозинство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вклучување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски во текот на своето вклучување порача дека спикерот Џафери има задача да обезбеди храмонични услови во Парлаентот, а не да се однесува дивјачки и да ја цензурира опозицијата.

Спикерот има задача да обезбеди хармонични услови во рамките на Парламентот за работа односно да најде баланс помеѓу различни пратенички групи, а не да се однесува дивјачки и да практично забранува и ја цензурира опозицијата во 21 век во земја во која што е кандидат за ЕУ. Уште еднаш ја користам оваа прилика да го предупредам да не си игра со оган, да не му пукне петардата во рака, па потоа да се изгори, па потоа последиците да бидат многу големи, додаде тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts