Џафери: Нема да дозволам провокации. Можете и тенџериња да донесете

Следниот пат добро размислите преда да повикате обезбедување, го предупреди претседателот на Собранието Талат Џафери од говорницата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошски и веднаш побара еден час пауза.

Џафери рече дека не можат да чекаат мислење на Антикорупциската комисија, зашто тоа е институција што е избрана од Собранието.

– Вие можете да продолжите така да си го толкувате, тоа е ваше право. Јас не ги толкувам, ја спроведувам пропси. Не сум ограничен од ништо освен од волјата на пратениците – рече Џафери и додаде дека десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ се формирани спротивно на Деловникот по што настана бучна расправа.

Собранискиот претседател го повтори ставот дека уставните надлежности на Собранието не можат да бидат попречени со мислење на орган кој е формиран од законодавниот дом. Но, опозицијата не отстапи од барањето  за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски прво мислење да даде Државната комисија за спречување на корупцијата, а дури потоа да продолжи расправата.

Опозицијата, своето барање го темели пред се врз основа на член 8 -а од Изборниот законик според кој не може да има разрешувања и именувања во време кога се распишани избори.

– Нема да дозволам овде никој никого да испровоцира. Може и тенџериња да донесете. Должен сум да обезбедам услови за работа на Собранието и тоа ќе го обезбедам со ваша или без ваша волја. Ако сте се решилие да испровоцирате инцидент јас не се мешам. Јас ги известувам граѓаните за прописите, а тие ќе ценат кој сака да предизвика ред или неред – рече Џафери.

Претседателот на параламентот даде пауза од еден час, која заради координација претходно ја побара пратеникот Антонио Милошоски

извор: либертас

Loading...