vesti24.mk
ЗАБАВА

10 факти за Земјата кои можеби не сте ги знаеле

ECA

Неодамна се одбележа Денот на планетата Земја во 150 држави, а ова се неколку факти за Земјата кои можеби не сте ги знаеле.

1. Земјата е трета планета оддалечена од Сонцето и петта најголема во нашиот Сончев систем.

2. Од Сонцето е оддалечена 149.597.891 километар.

3. Со 12.742 километри, пречникот на Земјата е само неколку илјадни километри поголем од пречникот на Венера.

4. Четирите годишни времиња се резултат на Земјината оска на ротација која е навалена за повеќе од 23 степени.

5. Должината на годината на Земјата е 365 дена, 6 часа и 16 минути.

6. Океаните зеземаат речиси 70 проценти од површината на Земјата.

7. Минималната температури измерена на Земјата е -87,8 степени Целзиусови, а максималната 57,8 степени Целзиусови.

8. Свежа вода постои во течна форма само во температурен распон од 0 до 100 степени Целзиусови. Овој температурен распон е особено низок кога се констатира распонот на температури пронајдени во Сончевиот систем од -300 до 500 степени.

9. Присуството и дистрибуцијата на водената пареа во атмосферата е одговорна за најголем дел од временските прилики на Земјата.

10. Атмосферата во близина на површината на Земјата се состои од 78 проценти азот, 21 процент кислород и 1 процент останати состојки. Ваквата атмосфера влијае на долгорочна клина и краткорочно локално време, штити од речиси сите штети зрачења кои доаѓаат од Сонцето и од метеорите, пренесува „Национална географија“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts