10 навики во модерната исхрана за брзо слабеење

56

Во модерната исхрана се почесто се среќаваат навики кои доведуваат до зголемување на телесната тежина – доколку обрнете внимание и ги промените, сигурно ќе бидете поздрави, а и посреќни.

Храната и диетите кои ги промовираат познатите ѕвезди постојано нудат „брзо“ решение за намалување на килограмите кои уште повеќе збунуваат.

Познатиот нутриционист Роб Хобсон зборува за 10 најчести грешки во модерната исхрана…

1. Прескокнување на оброците
Некои луѓе се обидуваат да прескокнуваат оброци, бидејќи веруваат дека на тој начин ќе успеат во намалување на килограмите. Истото може да влијае на намулување на концентрацијата и намалување на нивото на шеќер во крвта.
Покрај тоа може да предивика јадење на нездрава храна како грицки и слатки наместо добар и здрав оброк.

2. Страв од јаглехидрати
На јагелехидратите често се гледа како на нездрава храна, но тие се одличен извор на здрави состојки, растителни влакна, магнезиум, витам Б и железо.
Наместо јаглехидратите да ги изоставите од исхраната, намалете го внесувањето на шеќер и другите преработени житарици.

3. Прејадување со здрава храна
Јогурт, ореви, масло и сл- ова секако се здрави намириници, но претерано консумирање предивикува дебелеење. Не преработената храна е секогаш подобар избор, но потребно е да бидете внимателни кога се работи за поголеми количини.
Често се вели дека без глутенските производи се здрави, но исто така се полни со сол и шеќер.

4. „Супер храна“
Ова е маркетиншки израз што и нема многу големо значење.
Супер храната е обично така обележана, бидејќи е фокус за многу истражувања поврзани со болести и содржи голем број хранливи состојки. Содржи голем број на антиоксиданси како витам Ц. Во супер храна ги набрјуваме многуте видови на овошје и зеленчук. Потребно е да внесувате храна која организмот ја бара, а тоа не значи само овошје и зеленчук.

5. Претерување со „здрави“ пијалоци
Индустријата е огромна, а врстите на пијалоци уште поголеми за кои се тврди дека промовираат различен начин на здравје.
Соковите во маркет никогаш не се 100% природни полни се со шеќери и хемикалии. Најдобро е сами да си подготвувате и да добиете 100% природно.

6. Алтернативи за шеќер
Не постои комплетно здрава алтернатива за шеќер. Постојат други засладувачи како мед и кокосов шеќер, но тоа не значи дека би требало да претерувате со нивно консумирање.
 
7. Одбегнување без потреба на одредена група на храна
Истражување спороведено од страна на светски познатиот бренд Mintel, покажа дека голем број на луѓе на храната без глутен  гледаат како опција за „здрав“ начин на живот. Покрај тоа постои и тренд со исклучување на друга група на храна како – млечните производи.
Освен ако не спаѓате во група на луѓе кои имаат различни алегрии, тогаш ќе имате многу мала корист ако ги изоставите овие производи во исхраната.

8. Не ја читате декларацијата
Етикетите на храната се корсни за инфомациите поврзани со производот и може да ви помогнат да изберете здраво. Често на храната може да пишува „малку масти“, „без глутен“ и слично, но оваа храна може да е полна со шеќер, други масти и сол.

9. Фокусирање на калориите
Корисен начин за пратење на бројот на калории во организмот е броење на истите. Меѓутоа, сите калории не се бројат на ист начин. Важно е да се фокусирате од каде тие потекунуваат, бидејќи може ризчно да влијаат при изгладнетост и на хормоните.

Не трошете го времето на броење на калории и моменталниот тренд, фокусот треба да е на високохранливите намирници.

10. Претерано грицкање
Докажано е дека повеќе и помали оброци на ден, се супер за здравјето и забрзување на метаболизмот, но тоа не значи и постојано грицкање.
Грицкањето постојано може да доведе и до прејадување или може да е незгодно ако постојано сте зафатени и преокупирани со обрврски.
Држете се до 3 оброци на ден, а доколку чувстувате потреба за повеќе, одберете некои природни грицки како јаткасти плодови, суво овошје и сл.

hybread

Loading...