10 важни совети за сите жени над 30 години

За жените кои се веќе во 35 та година од животот, се вели дека се во најдобрите години, затоа што тогаш веќе се изградени и комплетни личности. Се смета дека веќе го имаат одредено својот стил на облекување, начинот на однесување и воопшто начинот на живот. Меѓутоа секогаш има некои совети кои е добро да се знаат за да може да се гази низ патеката на животот со сигурни чекори и крената глава. Совети како да се остане доследен и достоен.

1. Без оглед колку била добра журката, направи се’ што можеш да се разбудиш во сопствениот кревет. Сама.

2. Помеѓу парче торта и чипс, секогаш изборот нека падне на чаша вода!

3. Ако е веќе полноќ, а размислуваш за миење на косата, педикир и маникир или депилација.. секогаш одбери- сон! Косата можеш да ја средиш со марама, нозете во панталони, а ноктите со безбоен лак што брзо се суши. Но затоа уморното лице, подочниците и брчките со тек на време- со ништо! Наспиј се.

4. Патувај! Зграби ја секоја можност. Патувањата носат искуства, збогатуваат, а притоа подмладуваат.

5. Пред да се вмешаш во што и да е, пред да судиш, размисли.  Дали вреди, дали е ова моја работа? Затвори ја устата, и продолжи си по патот. И тоа е паметен потег.

6. Да го трошиш времето и емоциите на погрешна личност има смисла само во случај ти да си доктор, а он твој пациент кој дебело те плаќа. И никако поинаку.

7. Помеѓу бурна ноќ, и мирен ден, секогаш одлучи се за сонце.

8. Во право време изговорено: Да, како ќе кажеш ти. .. Ќе ти ги зачува нервите. И парите можеби.

9. Неколку дена сама со себе делува подобро од скап спа центар. Подобро сам отколку во лошо друштво.

10. Ниеден маж не вреди толку многу па поради него да се измачуваш во крајно неудобни чевли. Или фустан во кој не можеш да дишиш. Има убавина и внатре, во душата.

извор:скопјеинфо

Loading...