244 ИЛЈАДИ ЕВРА НАЈДЕНИ ВО БАНКАРСКИ СЕФ НА ДИРЕКТОРОТ НА …

6538
1
244 ИЛЈАДИ ЕВРА НАЈДЕНИ ВО БАНКАРСКИ СЕФ НА ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОХИРУРГИЈА КОЈ ГО КРИЕЛ СВОЈОТ ИМОТ.

Осум различни валути се парите кои се најдени при претресите на домот, канцеларијата и на банкарскиот сеф по кривичната пријава за примање поткуп против поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија, информира Телма.

Имал денари и девизи во евра, американски и австралиски долари, британски фунти, швајцарски франци, хрватски куни и бугарски левови.

Последниот најголем дел од парите (околу 244 илјади евра вкупно) се најдени во банкарски сеф. Директорот морал законски да ги наведе во доставениот анкетен лист до Антикорупциската комисија додека раководел со неврохирургија од 2007-ма до 2017-та година.

Поранешниот директор на Клиниката на неврохирургија кој се товари дека земал поткуп од пациенти доби кривична пријава за противправно стекнување и прикривање на имот.

Чапаровски го криел својот имот и не го пријавил во Антикорупциска. Најден е сеф во сопственост на Чапаровски во којшто се најдени 199.000 евра, 18.300 американски долари, 21.900 швајцарски франци, 1.500 фунти, 50 бугарски лева, како и паричник со 19 монети од благороден метал и накит, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.

Чапаровски располагал со шест имотни листа недвижен имот на подрачјето на Скопје и еден имотен лист недвижен имот во Гостивар. Чапаровски на 22-ри јуни беше пуштен од притвор откако во залог стави свој стан. Беше уапсен на 30-ти мај во својата канцеларија по пријава на родител дека му барал мито за да одобри лекување на дете во странство.

Против Чапаровски има кривична пријава и за примање поткуп каде при извршен претрес во неговата работна канцеларија беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, а во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра./извор Телма

АКЦИЈА