vesti24.mk
ЗАБАВА

3 сигурни знаци кои потврдуваат дека шефот не ве сака

ECA

Сите понекогаш чувствуваме како нашиот надреден да не не поднесува, но тешко е да се оцени кога станува збор само за наше субјективно чувствo, а кога тоа е фактичка состојба. Еве три јасни знаци дека вашиот шеф не ве сака.

1. Вие сте предмет на „микроменаџмент“

Што е микроменаџмент? Тоа е она кога вашиот шеф, буквално, ве надгледува додека фотокопирате два листа….Ваквото надгледување во обавувањето и на најситните задачи обично значи дека вашиот шеф не ви верува. Во друг случај, шефовите можат да бидат несигурни и во себе. Ако сте жртва на микроменаџмент, прво запрашајте поради што вашиот шеф ве издвоил токму вас? Можете да си помогнете така што ќе го уверите шефот дека ги држите сите работи под контрола, или уште подобро, дека тој ги држи работите под контрола. За жал, ако подолг временски период не успеете да го убедите шефот, најдобро е да дадете отказ.

2. Шефот премногу ве критикува

Критиките се дел од работата. Кога некој не би ве критикувал, вие не би напредувале во работата. Значи, пред да се пожалите дека вашиот шеф премногу ве критикува, добро преиспитајте се и проверете дали тоа е вистина. Ако е вистина, и ако шефот кон вас се однесува премногу критички, односно – ако отворено ве навредува и потценува, најдобро е да не останете на тоа работно место.

3. Шефот ве игнорира

Ова веројатно е дополнителен доказ дека вашиот шеф просто не ве сака. За вработените, „фидбекот“, односно повратната информација за работниот учинок која потекнува од надредениот, е од клучна важност за напредувањето во кариерата. Ако вашиот шеф им обрнува повеќе внимание на вашите колеги, а за вас нема „фидбек“, можете да се обидете сами да побарате внимание од него, но ако ни тоа не ви успее, тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts