vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

4-те најчести причини зошто мажите бегаат од вас и немате среќа во љубовта

ECA

Во денешно време има сè повеќе жени и мажи кои се сами, а причините за ваквата љубовна ситуација се многубројни. Токму денес ви ги откриваме причините зошто може да ги пропуштите можностите дури и пред да започнете врска.

1. Зборувате премногу

Луѓето кои премногу зборуваат создаваат впечаток дека се плашат од тишина, и очајно сакаат да се однесуваат забавно. Но, со ова тие покажуваат дека не се спонтани. Затоа со ваквото однесување ќе го истерате секој маж кој сака подобро да ве запознае. Се разбира, тоа не значи дека треба да молчите, но само оставете ја другата страна постепено да ве запознае. Чекор по чекор, ќе биде поинтересно.

2. Брзате

Запознавте потенцијално момче кое ви се допаѓа, излеговте на неколку пијалоци, се случи првиот бакнеж и вие веќе фантазирате за брак и деца? Не смеете да го правите тоа затоа што принудувањето за врска создава впечаток дека сте целосно очајни. Не сте ни свесни колку ќе исплашите таков човек, дури и ако му се допаѓате.

Тие ќе помислат дека имате цели што сакате да ги исполните по секоја цена и дека воопшто не ве интересира каков е вашиот партнер навистина. Намалете ги очекувањата, останете реални и „прочитајте“ ги сигналите што таа личност ви ги покажува.

3. Зборувате за бившите

Повеќето луѓе имаат некакво љубовно минато, проблеми и „товар“ што може да се извлечат од минатото. Но, кога ќе започне нова љубовна врска, мора да бидете подготвени да раскинете со минатото и да се предадете само на сегашноста.

Ако постојано зборувате за вашиот поранешен партнер, потенцијалното момче ќе добие впечаток дека сте премногу оптеретени од минатото и истиот нема да биде подготвен да започне нешто повеќе со вас.

4. Премногу сте чувствителни

Ако сте сингл подолго време или неодамна сте раскинале во врска што ја уништила вашата самодоверба, веројатно ќе бидете премногу чувствителни моментално. Ако сте лути на секоја ситница, не знаете да се шегувате на своја сметка, пасивно – агресивни сте и се фалите претерано, таквото однесување го отфрла посилниот пол затоа што оставате впечаток на незрела личност.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts