vesti24.mk
ВЕСТИ

41 починати за само еден ден, а Филипче тера Твитер кампања и го брани Заев во внатрепартиски пресметки, оставка веднаш! – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ECA

41 починати од КОВИД 19 во само еден ден, а Фичипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од КОВИД 19, а никој за тоа да не презема одговорност.

Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од КОВИД 19 во Европа.

Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност.

Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша.

Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts