vesti24.mk
ЗАБАВА

5 намирници што треба да ги одбегнувате по секоја цена: Не сте ни свесни колку му штетат на организмот

ECA

Многу од намирниците што редовно се наоѓаат на вашето мени можат да им наштетат на крвните садови…

Преработени месни производи
Конзервансите како нитрати и сулфати веќе некое време се поврзуваат со разни форми на рак. Американскиот истражувачки центар за рак утврдил дека всушност не постои безбедна количина на преработено месо што смееме да ја консумираме.

Наместо тоа, би требало да најдете природни замени што не содржат нитрати и сулфати, или едноставно исфрлете ги преработените месни производи од вашето мени.

Лосос од одгледувалиште
Овој вид риба од одгледувалиште најчесто расте во нечисти и пренатрупани рибници во кои често се користат отровни пестициди, антибиотици и дезинфекциски средства за спречување болести.

Па затоа, најдобро би било омега-3 масните киселини да ги внесете по пат на свежо уловен лосос или преку помали риби, како што се сардините.

Транс-масни киселини
ранс-масните киселини што ги има во хидрогенизираните и делумно хидрогенизираните масла и маснотии можат да создадат масни наслаги на вашиот стомак. Освен тоа, доколку ги консумирате, поголем е ризикот од депресија. Маслото од кикирики, растителното, сојното и палмовото масло исто така се полни со маснотии кои можат да предизвикаат воспалителни процеси во телото.

Наместо тоа, одлучете се за здрави масти, како што се кокосово и маслиново масло бидејќи на тој начин ќе ги смирите воспалителните процеси во вашиот организам, а ќе се изборите и со маснотиите.

Високо фруктозен пченкарен сируп
Високо фруктозниот пченкарен сируп се крие во разни намирници, дури и во оние во кои никогаш не би се посомневале, како лебот и кечапот. Научниците ја поврзале оваа состојка со разни здравствени проблеми, како лачење инсулин и масни наслаги на стомакот.

Исто така, поради високо фруктозниот пченкарен сируп телото не добива сигнали дека штотуку сте јаделе, па подоцна ќе имате напад на глад.

Вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи можеби не содржат калории, но истражувањата покажале дека можат да го зголемат нивото на инсулин и шеќерот во крвта.

Ако морате да користите засладувач, стевијата е добра алтернатива.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts