vesti24.mk
ЗАБАВА

5 причини зошто не е здраво да се јаде месо секој ден

ECA

Експертите, по многу истражувања и дебата, открија дека премногу внес на месо дефинитивно лошо влијае на нашето здравје. Откриваат неколку симптоми на кои можеби не сте им посветиле премногу внимание, предизвикани од јадење месо на секојдневно ниво.

Замор

Иако се тврди дека протеините обезбедуваат подолготрајна енергија, варењето трае подолго, па може да се чувствувате уморни и да немате сила. Јаглехидратите играат подобра улога во постигнувањето енергија затоа што брзо се распаѓаат, тврди нутриционистката Каролин Пасарело. Мозокот користи гликоза за енергија, и со внесување на полека сварливи протеини не го снабдувате со доволно енергија. Вие сте помалку фокусирани, чувствувате замор и „мозочна магла“.

Ноктите и косата не изгледаат најдобро

Ако јадете премногу месо, најверојатно јадете помалку други хранливи материи, како што е витамин Ц, кој е скоро непостоечки во месото и игра голема улога во создавањето колаген, кој е одговорен за цврсти нокти, коса и кожа. Ако имате недостаток на витамин Ц, би можеле да започнете да забележувате промени во вашето тело, според нутриционистката Bена Брадок.

Вирусите стануваат се почести

Кожата не е единственото место каде што ќе видите недостаток на витамин Ц. Ако веќе долго време „влечете“ настинка со вас и нема начин како да ја излекувате, треба да ги промените навиките во исхраната. „Ако сте на кето-диета, не добивате доволно овошје што е најдобар извор на витамин Ц“, вели Брадок, додавајќи дека ви треба подолго време да се борите против вирусите кои стануваат сѐ почести бидејќи имунитетот е послаб.

Затвор

Ако сте го намалиле внесот на овошје, зеленчук и житарици и сте го зголемиле внесот на месо кое речиси и да нема влакна, најверојатно имате проблем со варење и запек. Поправете го со јадење здрави и сложени јаглехидрати, житарки, овошје и зеленчук. „Повторното внесување на овошје и зеленчук е најдобриот извор на влакна и најдобриот пријател во справувањето со запек“, вели Брадок.

Вишок тежина

Многумина строго се придржуваат до теоријата дека поголемиот внес на протеини ќе има подобри резултати во теретаната. Ова е точно, но ако јадете премногу протеини или месо, тоа може да има спротивен ефект – почнувате да се дебелеете бидејќи телото ги чува во масното ткиво.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts