vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

6 особини на глупавите луѓе: Многу е лесно да се препознаат

ECA

Глупавоста е како заразна болест, рекол Шекспир одамна. А како да препознаете глупав човек? Како да го одбегнете дружењето со тие луѓе, а да не ги навредите? Ова се шесте особини на глупавите луѓе…

1. Глупавите луѓе зборуваат само за себе
Секоја комуникација подразбира интеракција помеѓу две или повеќе лица. Ако не можете да дојдете до збор од соговорникот, тогаш знајте дека си имате работа со глупав човек. Тука не зборуваме за нарцисоидна личност, бидејќи станува збор за човек кој не може да разбере колку е важно да се слуша соговорникот.

2. Глупавите луѓе се глуви (метафорички)
Замислете си двајца луѓе како седат во ресторан со тивка музика. Има многу малку гости, но ресторанот полека се полни. Жената му раскажува на соговорникот детали од својот приватен живот. Не размислува за тоа кој ја слуша и дали некому му пречи нејзината гласна приказна. Како што одминува времето, ресторанот се полни, музиката станува погласна, но и тонот на жената која зборува за својот развод. Во тој момент, целиот ресторан јасно го слуша нејзиниот разговор од збор до збор. Таа личност е глува за опкружувањето, само зборува за тоа што неа ја интересира моментално, не обрнувајќи внимание кој ја слуша.

3. Глупавите луѓе не се грижат за потребите на соговорникот
Можеби му е здодевно? Можеби е уморен? Можеби едноставно не му се слуша таа тема? Тоа не го интересира глупавиот човек. Тој зборува за себе и за своите проблеми, игнорирајќи ги потребите на соговорникот. Таквата личност е како дете кое се вмешува во разговорот на неговата мајка и очајна бара внимание, говорејќи: „мамо, мамо!“

4. Глупавите луѓе од сè се плашат
„Не сакам да одам таму, ќе се заразам. Не сакам да дадам отказ – ќе трпам. Имам болка во градите, можеби е срцев удар…“ Глупаво е да дозволите ваквите стравови да ви го организираат животот. Ризикот речиси секогаш е богато награден.

5. Глупавите луѓе никогаш не го менуваат мислењето
Тоа е врвот на глупавоста. Да се остане ист. Да не се менуваш. На пример, погледнете само како се променила науката со текот на времето. Глупаво е и понатаму да тврдите дека Земјата е рамна плоча кога докажано е спротивното.

Кога личноста не е флексибилна, кога верува во едно нешто, слепо одбива да го сослуша туѓото мислење, тоа непогрешливо води кон Алцхајмерова болест, според речиси сите истражувања. Меѓутоа, секогаш постои надеж дека таа личност ќе се опамети со текот на времето.

6. Глупавите луѓе ги гледаат работите црно-бело
Ништо не може да биде црно-бело. Постои цел спектар на сиви бои што го сочинуваат животот. Доколку наидете на некој проблем, не комплицирајте, само добро размислете – можеби навистина ќе дојдете до паметен заклучок на крајот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts