7 работи кои не смеете да ги правите кога сте во Грција

5384

Како и во секоја друга земја, така и во Грција постојат правила кои не смеат да се прекршат.

Ако сакате да имате одмор без проблеми, прочитајте ги овие правила кои туристите не треба да ги прават додека се таму.

Некои од нив сигурно ви се добро познати, а останатите ако не сте ги знаеле, запомнете ги:

Да фрлате тоалет хартија во тоалетната школка

Во секој тоалет во Грција има канта за фрлање отпадоци. Тоалет хартијата исто така се фрла во неа, а не во WC школката, затоа што постои опасност од запушување на старите и тесни водоводни цевки. Сигурно на многу места дури и сте забележате дека има лист на кој пишува да се држите до ова правило.

Да јадете или пиете во метро во Атина

Грците во нивниот главен град се многу горди на своето метро. Оваа неодамнешна иновација изгледа совршено во споредба со некои други метрополи во светот, а главна причина за тоа е почитувањето на правилата.

Ако постои место во Грција каде сите се придржуваат до правила, тоа е ова метро. Тие не јадат и не пијат во него (освен вода), а тоа го очекуваат и од туристите.

Да се потпирате на кредитни картички

Грците сакаат пари. Некаде можеби нема да имате проблеми ако плаќате со картичка во хотели или ресторани, но ситуацијата е поразлична во помали места или пак на острови. Погрижете се секогаш да имате во вас пари.

Гестикулација

Најлошото нешто што може да го направите е да ја доближувата дланката до лицето на некого. Ова не треба да го правите ни на шега. На некои места, дури не треба ни предолго да гледате во некого, посебно во деца, бидејќи Грците мислат дека на тој начин можете да им пренесете несреќа.

Разголување во црква

Грција е земја богата со прекрасни стари цркви и манастири кои вреди да се посетат. Но, во нив не смеете да влегувате ако имате откриени нозе и раце. Најдобро е да ги покриете сите делови од телото кои се изложени, со помош на марама или долги здолништа/панталони.

Пиење вода од чешма

Иако во некои места е безбедно да се пие водата од чешма, сепак подобро е прво да прашате жители на местото во кое сте сместени, дали да ја пиете или да си купите флаширана.

Не проаѓајте на пешачки премин без да се уверите дека е безбедно

Прешачките премини во Грција се само боја на улиците и Грците многу ретко ќе застанат само за да ве пуштат да поминете. Ако сакате да поминете на пешачки премин каде што нема семафор, прво добро погледнете на сите страни за да бидете сигурни дека нема автомобили.

извор:црнобело

Loading...