vesti24.mk
ВЕСТИ

Aко македонската Влада се ангажираше како соседните земји за вакцини, досега ќе беше при крај процесот на имунизација

ECA

Денеска во Србија пристигаат уште 500.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, а Вучиќ кажа дека до крајот на февруари ќе има еден милион вакцинирани и ревакцинирани и дека до крајот на месецот се обезбедени два милионо дози. Ова значи дека доколку и македонската влада навремено се заангажираше како што треба за овој сериозен проблем како што тоа го правеа другите влади, до сега ќе можеше да се вакцинира целото население, а не само ризичните групи, но во Македонија нема абер за вакцини.

Дури и на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев изјави дека е можно утре да стигне една пратка вакцини, но рече дека се уште нема никаква потврда и не даде никакви детали за тоа дали ќе биде некоја значителна количина или  симболичен број на дози само да се “замачкаат“ очи. Србија во јануари најави дека ќе и даде на Македонија 8 илјади дози, но се уште не се знае бројот на вакцините кои се очекува утре да ги донесе.

„Во делот на вакцинацијата ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините. Имаме најава дека дури и утре, но се уште немаме потврдено, и затоа нема да кажам детали дека може да се случи да стигнат први вакцини во нашата земја, тоа ќе го знаеме денеска попладне дали ќе биде така“, рече Заев за после од Влада да потврдат дека сепак ќе пристигнат првите вакцини од Србија.

Инаку Србија во јануари најави дека ќе и даде на Македонија 8 илјади дози, но сеуште не се знае бројот на вакцините кои се очекува утре да ги донесе. Од друга страна пак и албанската министерка за здравство на денешната прес конференција изјави дека на 15 февруари во Албанија пристигнува уште една пратка од вакцините на Фајзер и дека Владата обезбедила вакцини за 800 илјади граѓани кои ќе се вакцинираат чекор по чекор според стратегијата изготвена од страна на експертите.

„Владата обезбеди од Фајзер и Ковакс вакцини за 800 илјади граѓани во кои се опфатени ризичните групи и приоритетните, ние започнавме од оние кои се најекпонирани како што се лекарите, медицинските сестри и епидемиолозите. Започнавме со втората доза на вакцинација и започнуваме со нивно зголемување бидејќи вие знаете дека во февруари поточно на 15 февруари ќе пристигнат други дози од Фајзер“, рече албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts