Адвокатот Давидовиќ ќе се кандидира за нов Јавен обвинител

158
????????????????????????????????????

Во очекување да започне собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во изјава за „Плусинфо“ потврди дека тој ќе биде еден од кандидатите за Јавен обвинител на Република Македонија.

– Амбиции за наследник на Зврлевски немам, но да станам јавен обвинител имам. Со години зборувам кога сите молчеа за сето она што не чини во судството и обвинителството. Не постои предмет кој е битен и звучен, а да не сум го застапувал, покрај тоа долго време сум во судството и ги знам и лоцирам проблемите и за разлика од другите зборувам за нив јавно. Ќе поднесам кандидатура, но без разлика кој ќе биде избран, би сакал да биде професионалец и човек којшто имал храброст и зборувал за проблемите и состојбите уште од времето, а не сега – вели Давидовиќ.

Loading...