Александра од „Брза кујна“ како мачка – го грабна сопругот, го стопи!

1012
1
Топлите августовски денови водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Пановска ги минува целосно препуштена на хедонизмот во природа.

Доживувањата се посебни кога до вас ја имате саканата личност, а така е и во случајот на Александра која летото максимално го користи за авантури. Претходно ги искусија убавините на Црна Гора, а следно младите сопружници заминаа на еден од грчките острови, од каде водителката редовно ги полнеше социјалните мрежи со интересни фотографии оттаму.

Но и сега откако се вратија на домашен скопски терен, забавата и возбудувањата за нив не застанаа тука. Имено, неделава имаа повод за славење, односно роденденот на Александар кој го прославија со големо друштво во една скопска дискотека.

Сопругата освен непосредните честитки, се погрижи да му направи и една специјална за на Инстраграм, на која силно го гушка и бакнува.

Со оваа интимна и несекојдневна објава, Александра докажа дека и цвета во љубовта и живее возбудлив брачен живот.

извор: сител