Александрија е новата населба во Скопје

1736
1

„Фабрика Карпош“ ќе гради нова еко-населба наспроти Порта Влае, која ќе го носи името Александрија. Новата населба во Скопје ќе се простира на околу 150 илјади квадратни метри во општината Ѓорче Петров.

 

– Александрија ќе биде лоцирана само на пет километри од центарот на градот и овој простор веќе има постојна здравствена, трговска и социјална структура – вели Александар Стефанов, член на управниот одбор на „Фабрика Карпош“. Тој додава дека името на новата населба го дале самите граѓани, кои над 30 пати гласале за ова име.

„Фабрика Карпош“ го избра името Александрија по предлог на граѓаните, кои над 30 пати го дадоа како предлог.

Извор:скопјеинфо

АКЦИЈА