Алфа Ромео: Giulia Quadrifoglio vs. Stelvio Quadrifoglio

Моќните Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio на Алфа Ромео се наоѓаат на тркачката патека каде што ќе ги измерат силите. На кој модел би се обложиле дека ќе стигне побрзо до целта?

Италијанскиот производител Алфа Ромео се врати на голема сцена, тоа е веќе јасно. Најмоќните модели со ознака на детелина со четири листа претставуваат нешто навистина посебно кога станува збор за перформансите.

Италијански “Motor 1” на „линијата“ ги стави двата Quadrifoglio модели. И двата автомобили под хаубата имаат 2,9-литарски битурбо V6 мотор со 510 коњски сили и максимален обртен момент од 450 Nm, сето тоа комбинирано со осумстепенска автоматска трансмисија.

Главната разлика е во начинот на кој што силата се пренесува на асфалтот. Имено, додека Giulia сета погонска моќ ја добива на задните две тркала, Stelvio располага со Q4 интегрален погон на сите четири тркала. Предноста на Guilia пак, е во тоа што тежи 150 килограми помалку од кросоверот Stelvio.

Треба да напоменеме дека резултатите се послаби затоа што се вози при прилично ниски температури (околу 0 Целзиусови степени), а покрај тоа, патеката е влажна, што секако ѝ оди во прилог на Giulia. Погледнете го видеото за да видите кој е победникот.

извор:точка.ком.мк

Loading...