Алкохол да се продава нон – стоп – Стопанска Комора бара измени во законот (ВИДЕО)

141
1

Да се укине забраната за продажба на алкохол до 19 односно до 21 часот. Од стопанската комора на Македонија бараат алкохолот да може да се купи во секое време. Од отврањето на продавниците па се до нивно затворање. Граѓаните поделени во мислењата. Некој велат дека ограничување на продажбата не треба да има други пак дека мерката треба да остане.

Според комората со забраната не се постигнале посакуваните резултати. Се зголемила и продажбата на црно и консумацијата на алкохол.

Од комората бараат и укинување на давачката од 0,05 отсто за продолжчување на лиценцата за продажба на алкохол кај трговците со над три продажни објекти.

Ваквите барања комората денеска ќе ги достави до Министерството за економија. Од таму велат дека се додека не ја видат иницијативата нема да го коментираат барањето.

Во односн на регионот Македонија има најниска стапка на консумирање алкохол по глава на жител. Најмногу се трошат пивото и виното.

извор:сител

АКЦИЈА