Американски државјани корнeле украсни дрвца во Охрид

СВР Охрид поднесе прекршочна пријава во која се опфатени две лица по потекло од струшкото село Радолишта како и уште две други со живеалиште во Аљјаска.

Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца од средишниот дел на патеката.

Притоа, пријавените целосно откорнале и целосно уништиле две садници а поголем број делумно ги оштетиле.

Лицата се приведени и по брза постапка и се спроведени во Основниот суд во Охрид.

Ова не е за прв пат да се уништуваат украсни дрвца на таа патека.

извор: скопје24

Loading...