АПЕЛАЦИЈА И ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА ЗА ПАСОШОТ!

202

Уредничката на телвизија Сител, Ивона Талевска исто како и Сашо Мијалков остануваат без пасош, откако Апелациониот суд ги одби жалбите за мерките за претпазливост коишто и ги определи Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Талеска е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“ и има обврска еднаш месечно да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен.

Иако Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради прирордата на нејзината работа како новинар и уредник, сепак судот смета дека Талевска може да избега ако не и биде земен пасошот.

Судот ја објави одлуката и за мерките за претпазливост на обвинетите во „Тортура“, меѓу кои покрај поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков е и поранешниот началник на Алфите, Ивица Анчевски – Пуки, за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.

Тие заедно со уште петмина обвинети во овој случај има обврска секој месец да се јавува во судот и има забрана за приближување кон одредени лица. Минатата недела во Апелација се одржаа седници за повеќето од случаите што ги отвори СЈО и за кои судот одреди мерки за претпазливост, иако за повеќето од обвинетите, судот бараше притвор.

Loading...